ФА покрена случај против Бетанкур поради навредливи коментари на расна основа

од Вести365.МК Ј.Р.

Уругвајскиот играч од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бетанкур, беше обвинет од ФА поради расистички навредливи коментари поврзани со неговиот соиграч од Јужна Кореја, Хјун-мин Сон.

Во јуни, во една ТВ-емисија во неговата татковина, Бетанкур беше прашан дали има дрес од неговиот соиграч Сон има тим, на што тој одговори: „На Сони? Тоа може да е на неговиот братучед, бидејќи сите Корејци се горе-долу исти“.

Набргу потоа, Бетанкур на социјалните мрежи му се извини на Сон, признавајќи дека тоа е „несмасна шега“ и дека „никогаш не сакал да го навреди или повреди“.

Бетенкур има рок до 19 септември да одговори на обвинувањата на Фудбалската асоцијација, по што ќе биде донесена одлука дали и како треба да биде казнет. 

Сепак, тој ќе биде на располагање за дуелот со Арсенал овој викенд.

Слични објави