Ученик во основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград е однесен во полиција на сослушување поради сомнение дека во вторникот во училиштето донел список на ученици за отстрел и нож.
Директорот на училиштето Дејан Павковиќ, изјави дека училиштето во вторник добило информација за ученик од седмо одделение кој рекол дека би му било интересно да го „повтори „Рибникар““ и дека има список на ученици за отстрел, и нагласи дека презеле итни мерки.
„За овој случај се информирани Министерството за внатрешни работи, Вишото јавно обвинителство и Центарот за социјална работа. Ученикот веќе е опфатен со поддршката на надворешната мрежа од претходни случаи. Преку воспоставени комуникациски канали, родителите на учениците од училиштето се информирани за преземените мерки“, изјави директорот.
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека дежурниот јавен обвинител на Одделот за малолетници бил информиран дека две девојчиња пријавиле оти ученик од седмо одделение во основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ им рекол дека „има пиштол и дека ќе убие некои наставници“.