Утре ново рочиште за Веапоска, се очекува да сведочи медицинска сестра

За утре во Основниот суд во Струга утре е закажано ново рочиште од судењето на тројцата лекари од струшката болница обвинети дека на родилката Јалдз Веапоска во 2020 ѝ ги извадиле матката, јајчникот и бубрегот иако за тоа немало потреба.

Судењето досега повеќе пати беше одложувано наводно поради болест на дел од адвокатите, а и поради судија што замина во пензија.

Веапоска се соочува со здравствени проблеми предизвикани од тоа што живее без органи. Додека чекаше да почнат судењата, таа остана и без жолчка.

На обвинителна клупа утре ќе седнат екс-директорот на струшката болница и гинеколог, доктор Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска со обвинение дека при укажување на лекарската помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

Веапоска освен физичка, трпи и психичка болка поради што се лекува на Клиниката за психијатрија.

-Сметам дека ова е само одлагање и купување на време. Лекарската комора го донесе извешптајот дека лекарот нема лекарска грешка, а јас после тоа имав уште една операција на жолчката. Влошено ми е здравјето и психичко и физичко. Се лекувам на Психијтарија, рече Веапоска, видно разочарана по третото одложување на рочиштето во струшкиот суд.

Слични објави