Украина: Русија во лето ќе удри со 100.000 војници

Генералниот полковник на копнената армија на Украина Олександр Пављук денеска изјави дека Русија подготвува 100.000 војници за нова летна офанзива или за пополнување на ослабените единици.

„Нема нужно да има офанзива, можеби ќе ги пополнат единиците што ја загубиле борбената способност, но постои можност на почетокот на летото да имаат некои сили за спроведување офанзивни операции“, изјави Пављук за украинската телевизија пренесува Ројтерс.

Украинскиот министер за одбрана Иван Хавриљук изјави дека Русија има повеќе муниција од Украина во сооднос седум спрема еден, но дека овој сооднос ќе се намали во април.

Слични објави