Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија за МИА од Апелацискиот суд-Штип.
Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел.
Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен затвор, бидејќи лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84- годишна мајка Марија Заркова.
Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици. Судечкиот судија, Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип при изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има апсолутен карактер и животот е природно човеково право.
Според архивата на судот, Зарков во три наврати е суден за сторени кривични дела семејно насилство.