Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство ги уапси началникот на полицијата во Подгорица, Дарко Кнежевиќ и командирот на Одделот за безбедност во Подгорица, Далибор Живковиќ.
„Специјалното полициско одделение ги лишило полициските службеници Д.К. и Д.Ж поради основи на сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и како осомничени ги донеле на распит кај државниот обвинител“, пренесе „Дан“.
Кнежевиќ бил сослушан пред неколку месеци, како дел од акцијата на Специјалното државно обвинителство против службеници на Полициската управа, за кои се верува дека работеле за Кавачкиот клан, пренесе Вијести.
По рочиштето, во присуство на бранителите, на осомничените им е одредена мерка притвор до 72 часа.