Уапсен е Илчо Ѓорѓиоски, уште еден поранешен претседател на ФФМ

од Вести365.МК Ј.Р.

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во координација со Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција, денеска се спроведува акција на повеќе локации низ државата, при што се вршат претреси, а во таа акција уапсен е и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, објави „Телма“.

Против него, како што е познато, уште во 2019 година била поднесена кривична пријава за наводни дела поврзани со даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги, за време на неговото раководење со Фудбалската федерација на Македонија.

Во пријавата било наведено дека се прикажувани неточни податоци во завршната сметка и дека не бил платен данок на добивка, со што, според тогашните наводи, Фудбалската федерација се стекнала со противправна имотна корист од 1.680.912 денари, со што бил оштетен државниот буџет.

Од надлежните институции засега нема официјални дополнителни информации за акцијата.

Ќе потсетиме пред два месеци уапсен беше и Муамед Сејдини кој беше претходница на сегашниот претседател Масар Омерагиќ.

Слични објави