Три англиски гиганти во трка за фубалер од 150 милиони евра!

Деклан Рајс, англискиот репрезентативец, е главната мета на Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал во текот на летото. Иако е потекнат од Челзи, Рајс независно од тоа претходните две години се поврзуваше со враќање во оваа екипа. Меѓутоа, лошата сезона на “сините” каде што не успеаа да се квалификуваат во европските натпревари следната сезона ги става во незавидна положба.

Најверојатните опции за Рајс се Манчестер Јунајтед и Арсенал, две екипи кои се доста актвини во обнова на своите состави. “Црвените ѓаволи” имаат светла иднина под водство на Ерик тен Хаг, додека “топџиите” беа сериозни конкуренти за шампионската титула до крајот на сезоната.

Меѓутоа, тимот кој ќе го добие Рајс ќе мора да плати сума од 150 милиони евра, колку што Вест Хем бара за неговите услуги. Рајс има валиден договор со “чеканите” до 2024 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Слични објави