Министерот Трипуновски ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени кои што се направени на терен.
-Ние како Министерство, како Влада ќе излеземе во пресрет и ќе ги обесштетиме сите земјоделци кои што претрпеа штета од овие ниски темперетури, нагласи министерот.