Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл се огласи за мировните преговори во Украина.
„Потенцијално голем ден за Русија и Украина! Само помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако ова бесконечно „крвопролевање“ конечно заврши. Тоа ќе биде еден сосема нов и многу подобар СВЕТ. Ќе продолжам да соработувам со двете страни за да се осигурам тоа да се случи. САД, наместо тоа, сакаат да се фокусираат на обнова и трговија. НИ ПРЕТСТОИ ГОЛЕМА НЕДЕЛА!“ напиша Трамп.
