Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека сака да постигне нов договор со Иран, но рече дека Техеран мора да престане да го спонзорира тероризмот и да се откаже од своите нуклеарни амбиции.
Многу луѓе гледаат со завист“, им рече Трамп на лидерите на арапските земји собрани на регионалниот самит и додаде дека „неверојатни договори се на дофат“ и дека Блискиот Исток денес е „центар на светот на кој многумина му завидуваат“, објави Скај њуз.
Критикувајќи ја претходната администрација, Трамп рече дека „Бајден создаде хаос поради некомпетентност“.
Во својот говор, тој нагласи дека сака „иднина на безбедност и достоинство за Палестинците“, но предупреди дека тоа нема да биде можно ако „лидерите во Газа продолжат по патот на насилството“.