Трамп: Иран тоне економски, Техеран очајно сака отворање на Ормускиот Теснец

од Вести365.МК Ј.Р.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради поморската блокада што ја спроведуваат САД, оценувајќи дека Техеран губи околу 500 милиони долари дневно, напиша тој на Truth Social.

Во серија објави на социјалните мрежи, Трамп посочи дека иранските власти „очајно“ сакаат повторно отворање на Ормускиот Теснец, бидејќи, како што наведе, остануваат без приходи.

„Иран финансиски се руши! Сакаат итно отворање на Ормускиот Tеснец – гладни се за готовина! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не се платени. СОС!“, напиша Трамп.

Американскиот претседател тврди и дека иранското раководство јавно се заканува со затворање на теснецот само за „да го спаси образот“, додека реално сака да биде отворен поради економската зависност од него. Овие изјави доаѓаат откако Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, но со задржување на блокадата на иранските пристаништа сè додека Техеран не достави, како што рече, „единствен предлог“ за завршување на конфликтот.

Слични објави