Трамп: Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата

Според поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, украинскиот претседател Володомиер Зеленски е најдобриот бизнисмен затоа што секоја посета во САД добива милијард.

„Мислам дека Зеленски е најголемиот продавач во историјата. Секогаш кога доаѓа во земјата, тој си оди со 60 милијарди долари“, рече Трамп на митинг во државата Пенсилванија.

Политичарот додаде дека Зеленски „сака тие [Демократите] да победат на овие [претседателски] избори“, бидејќи добива финансиска помош од нив. „Јас би постапил поинаку – ќе постигнам мир“, вети Трамп.

Зеленски пристигна во САД на крајот на минатата недела. Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе се сретнат со Зеленски во Вашингтон на 26 септември.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Трамп е републикански кандидат, а Харис е кандидат на демократите.

Слични објави