Трамп вели дека не е загрижен што Орбан изгуби на изборите, го пофали Маѓар

од Вести365.МК Ј.Р.

Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера изјави дека не е загрижен поради поразот на Виктор Орбан во Унгарија и дека има позитивно мислење за новоизбраниот премиер Петер Маѓар, објави „Ројтерс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави рече оти мислидека новиот унгарски премиер Петер Маѓар ќе ја извршува функцијата успешно, оценувајќи го како „добар човек“.

– Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа, тој е добар човек – изјави Трамп.

Тој додаде дека не знае дали би имало разлика доколку тој лично отпатувал во Унгарија наместо потпретседателот Џеј Ди Венс да учествува во кампањата за Орбан.

– Тој беше во значително заостанување. Јас не бев многу вклучен во оваа кампања. Виктор сепак е добар човек – рече Трамп.

Слични објави