Тодоровска: Студентите да се пријават за мерката ваучер за превоз од 600-1.200 денари

Во тек е пријавувањето за финансиската поддршка за превоз на студентите која владата предводена од СДСМ ја обезбеди со новиот пакет антикризни мерки. Со мерката 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно, вели Антонија Тодоровска од СДСМ.

Таа вели дека помагаат и го унапредуваат стандардот на студентите од семејства со месечни примања до 50.000 денари.

– Рокот за аплицирањето е продолжен и трае до понеделник, 25 декември. Ги повикуваме студентите да се пријават само преку електронскиот портал на министерството за образование. Студентите е потребно да прикачат само неколку документи како доказ дека се студенти, трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање. Може да биде фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб-страницата на превозникот, изјави таа.

Според Тодоровска СДСМ се грижи за студентскиот стандард на младите а со новиот финансиски пакет  ги поддржуваме и учениците.

– До 10.800 денари добиваат учениците од средно до крајот на школската година, и до 7.200 денари  по ученик добиваат учениците од основно. Со СДСМ секој добива повеќе, со СДСМ младите имаат повеќе, изјави Тодоровска.

Слични објави