Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа.
Локалните власти соопштија дека судската палата во Валенсија, била претворена во привремена мртовечница бидејќи се стравувало дека бројот на жртвите ќе расте.
Во градот Паипорта во регионот Валенсија, најмалку 40 луѓе ги загубија животите, од кои шест се во дом за стари лица, објави шпанската државна новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на изјава на градоначалникот.