Тело на маж беше пронајдено во неделата наутро на делот од патот Grande Viabilità Triestina што го поврзува Трст со италијанскиот и словенечкиот автопат. На жртвата и биле врзани нозете и очите, а бил врзан и обесен на заштитна ограда, со видливи знаци на тортура.
Карабинерите се на местото на трагедијата, пишува Il Piccolo, како и полицијата, пожарникарите и државниот обвинител Мадалена Чергија.
Телото случајно го откриле вработени во АНАС кои започнале со работи за одржување на делницата. Безживотното тело се наоѓало покрај патот, меѓу вегетацијата и едвај можело да се види од автомобилите што минувале. Според првичните сознанија, мажот во моментот на смртта бил на возраст меѓу 50 и 60 години.
Кој и да ја обесил жртвата, јажето го прицврстил со лента. Со оглед на состојбата на распаѓање, полицијата наведува дека телото висело на оградата најмалку неколку дена, пишува la Repubblica. По телото има бројни повреди, исекотини и изгореници, особено на главата, а изгорена е и косата. Засега не е утврдено дали е италијански или странски државјанин.
Местото на злосторството и начинот на кој телото било обесено укажува на убиство со јасна порака насочена кон другите – тоа може да биде предупредување, се вели во извештајот.