Страдаат за парче леб – Потресни снимки од децата во Газа (ВИДЕО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Филип Лазарини, шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), го осудил “намерното влошување на ситуацијата со глад” во Појасот Газа по 50 дена од израелската блокада на помошта за палестинската територија.

“Газа стана земја на очај. Гладот се шири и се влошува, намерно, и е последица на човечката рака”, изјавил официјалниот претставник на UNRWA.

По 18 месеци војна и израелската блокада на хуманитарната помош од 2 март, Обединетите нации предупредија за тешка хуманитарна ситуација за 2,4 милиони луѓе кои живеат во Појасот Газа.

Израел го обвинува Хамас за пренасочување на помошта, што палестинското исламистичко движење кое ја контролира Газа го негира.

Слични објави