Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството. Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега, изјави Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноски посочува дека Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.
Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија, рече тој.
Стојаноски исткана дека Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира.
Одговорност за Пајазити веднаш, нагласи Стојаноски.