Стоилковски: Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени

од Вести365.МК Ј.Р.

Димитар Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство и да се распишат избори. Истовремено до Собранието да ја поднесе и потпишаната оставка. Со таков чекор Ковачевски ќе си ја реализира оставката, партиските комисионери нема повеќе да земаат скапи хонорари, а државата ќе спаси пари од буџетот од натамошни крадење од власта. Наводните експерти коишто работат на измени без мандат од Собранието се исполнувачи на партиски желби и идеи кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат. Тоа е и став на 90 проценти од народот, тоа е став и на дел пратеници од СДС. Македонските евроинтеграции нема да се претворат во асимилација и бришење на македонскиот идентитет, култура и историја.

Прес – конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слични објави