Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски како дел од изборната програма за вториот мандат најави мерка со која младите брачни парови до 29 години се ослободени од плаќање комуналии за градба на куќа, а информираше дека ќе се гради и нова детска градинка во Хиподром 2.
– Создаваме услови младите да останат тука, да формираат семејства и да ја гледаат својата иднина во нашата општина. Ова е конкретна мерка со силна порака: младите се приоритет“, вели Стефковски.
Во однос на градинката, Стефковски изјави дека е проект кој е инициран од жителите, како потреба од голема важност за населбата.