Становите запленети од Никола Груевски на продажба

од Вести365.МК Ј.Р.

Агенцијата за управување со одземен имот ја објави продажбата на три стана на Водно кои беа конфискувани во предметот „Плацеви на Водно“ – случај во кој поранешниот премиер Никола Груевски е правосилно осуден на девет години затвор бидејќи злоупотребил партиски пари за купување недвижности за лична потреба.

Како Никола Груевски дошол до становите, во судот своевремено сведочеше бизнисменот Јордан Камчев.

цената, па и фотографии од становите. Во детали, на продажба се:

  • Апартман 1, со внатрешна површина од 199 м2 и помошни простории (тераса) од 48 м2. Почетната цена е 52088040 денари (околу 846 960 евра);
  • Апартман 2, со внатрешна површина од 155 м2 и помошни простории (тераса) од 95 м2. Почетната цена е 46 712 235 денари (околу 759 550 евра);
  • Апартман 3, со внатрешна површина од 200 м2 и помошни простории (тераса) од 48 м2. Почетната цена е 52 307 472 евра (околу 850 528 евра).

Агенцијата има објавено и фотографии од апартманите кои се наоѓаат во населбата Водно, поточно комплексот „Панорама резиденс“. Некои од фотографиите се со ниска резолуција.

Од апартманот 1 се објавени слики од два ходника и една соба, од која се гледа дека има поглед кон планината Водно.

Од апартманот 2 се објавени фотографии од изѕидана џакузи-када со натстрешница во простор кој наликува на двор или тераса. Од внатрешните простории, има фотографија од соба, од тоалет и од влезот на зградата.

Два од трите понудени апартмани веќе беа на продажба, но не се продадоа. Цената по која се продаваат и сега е само почетна, односно предвидено е електронско наддавање во случај да има повеќе од еден заинтересиран кој е подготовен да ја плати проценетата сума.

Агенцијата за управување со одземен имот организира и посета на становите, на 16 јули. Јавното наддавање е закажано за 29 јули, во три различни термини.

Слични објави