Српската полиција објави видео од апсењето на убиецот од Младеновац

Српската полиција утринава, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсила Урош Блажиќ (21), осомничен дека во текот на ноќта во три села кај Младеновац со огнено оружје уби осум, а ранил 14 лица, соопшти српското МВР.

Српската полиција на своите канали на социјалните мрежи објави како изгледало апсењето на масовниот убиец.

Уапсениот млад човек со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац.

Тој избегал, утрово околу 8 часот бил уапсен во домот на роднините каде се криел.

Најмладата жртва има само 15 години.

Со автоматска пушка отворил оган кон луѓето. Во крвава гозба во селото Дубиона убил полицаец кој бил на должност и неговата сестра.

Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25). На другата територија на Смедерево, М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).

Слични објави