Спасувачка акција на Пелистер: планинар скршил нога и чека извлекување

од Вести365.МК Ј.Р.

Во тек е акција за спасување на повреден планинар на планината Пелистер.

Тој чека да биде извлечен, откако утрово при искачување ја скршил ногата, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според информациите, ДЗС и МВР се во заедничка акција за спасување планинарот.

„По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде превземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигри“ соопшти Ангелов.

Слични објави