Со 76 гласа „за“, Собранието ги изгласа замениците министри

Собранието попладнево на седница ги изгласа замениците министри на Владата.  „За“ гласаа 76 пратеници, додека 16 беа против. Воздржани немаше, а вкупно гласаа 92 пратеници.

Пред гласањето се обрати Мицкоски кој порача дека Владата и нејзините членови – министри и заменици ќе работат за сите граѓани без разлика на нивната припадност.

„Ја прифаќам секоја реченица што ја искажавте како опозиција. Ви благодарам за критиките и за оние за кои имаше содржина ќе се обидам како претседател на Владата да извлечам поука и да се обидам да не ги правам грешките што вие ги правевте во минатото, затоа што граѓаните ни дадоа доверба, повеќе од 600 000 граѓани ни дадоа легитимитет да ја водиме Македонија“, рече Мицкоски.

Слични објави