Брајан Маст, истакнат сојузник на десничарскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСаснтис ја изрази својата поддршка за Доналд Трамп во неговите намери да се кандидира за претседател во 2024 години, последен во низата такви удари за најголемиот противкандидат на Трамп од Републиканската партија, пренесува Гардијан“.
Веста дојде по извештаите дека тимот на ДеСантис извршил притисок врз американските претставници од неговата држава да не го поддржат Трамп на следните избори.
Маст изјави за Си-Ен-Ен дека планира да го поддржи поранешниот претседател и дека ќе претседава со комитет на ветерани за поддршка на неговата кандидатура за реизбор.

Брајан Маст беше сојузник на ДеСантис за прашањата за животната средина и водата во Јужна Флорида. Маст е седмиот републиканец од Флорида кој реши да го напушти кормилото на ДеСантис и да се сврти кон Трамп.
ДеСантис сѐ уште не ја објавил својата претседателска кандидатура официјално, иако се очекува тоа да го стори во следниве месеци. Тој е најблискиот противкандидат на Трамп, но неговите бројки стагнираа, откако се најде на удар поради политиките за ранливи теми, како абортусот.