Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Слични објави