Пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, го згреши украинскиот претседател на Собрание. По средба со него таа објави фотографија и напиша дека се сретнала со Олександар Турчинов, спикер на Врховната рада, кој воедно привремено ја извршува и функцијата претседател на Украина, а средбата била во рамки на студиска посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг.
Сепак, не се фотографирала со Олександар Турчинов, кој таа функција ја извршуваше одамна, односно до 2014 година, туку со Руслан Стфанчук, кој самиот реагираше на Фејсбук.

– Почитувана Снежана. Мило ми беше што те запознав. Но, јас се викам Руслан Стефанчук. Јас сум претседател на украинскиот парламент. Претседател на Украина е Володимир Зеленски, напиша тој.
