Скопската Зоолошка градина повеќе не е кандидат за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Пред две недели, градината го изгуби кандидатскиот статус поради неисполнување на обврските зададени од ЕАЗА изминативе две години, објави СДК.
В.д. директорот за порталот Зоран Попов потврдил дека Зоолошката не е повеќе кандидат, но не сакал да разговара за причините кои довеле до тоа и што ќе значи тоа за институцијата која изминатите години стана најпосетувана во земјава.
Според порталот кон почетокот на месецот од ЕАЗА до Зоолошка стигнала официјална е-пошта во која се информира раководството дека Скопје Зоо не е веќе кандидат за членка. Причините се прекин на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, 2-годишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.
Во наредните 8 години Зоолошката нема право да аплицира за биде кандидат за членка. Тоа значи дека во тој период не може да соработува со ниедна европска зоолошка, ниту пак со кандидати за членови на ЕАЗА. Нема да може да добива животни како што тоа беше случај во изминативе години, кога членови на скопската Зоолошка станаа голем број животни како слониците Дуња и Даела, фламингата, пингвините, лавицата Акети.