Си дала оставка да се посвети на меѓународна кариера, ќе ја замени Богоев

На денешната седница Владата на Република Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план, вели во писмената изјава Славица Кутиров, досегашната директорка на Царина.

Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата.

На новиот директор му го честитам назначувањето на функцијата и му посакувам успешна работа и уште подобри резултати.

Слични објави