Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени

од Вести365.МК Ј.Р.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека се обезбедени сите пет лица кои им беа недостапни на органите на прогонот во врска предметот за проневера од речиси три милиони евра за Фудбалската федерација на Македонија.

На еден од осомничените, како што соопштија вчера од ОЈО ГОКК, судија на претходна постапка му одреди мерка притвор, а другиот доби мерки за обезбедување.

Од Обвинителството денеска соопштија дека на другите двајца осомничени им се одредени мерки на претпазливост, а на последниот му е одредена мерка куќен притвор.

Минатата недела Основниот кривичен суд Скопје им одреди 30-дневен притвор на три лица, меѓу кои и на поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, петмина добија куќен притвор, а четворица мерки на претпазливост во рамки на истрагата на ОЈО ГОКК за финансиски манипулации и криминал во ФФМ.

Слични објави