Сите замки на брзите кредити: Се рекламираат дека се со нула камата, но тоа важи само 1 недела

од Вести365.МК Ј.Р.

Градовите се преплавени од канцеларии каде што можете да земете брзи кредити само со документ за идентификација. Илјадници граѓани поради лесната процедура за добивање пари, заглавија во долгови поради овие кредити.

ТВ21 објави сторија за тоа како брзите кредити ги заглавуваат граѓаните, а за целта на сторијата сними три различни филијали за да види какви се условите.

Иако велат дека се со 0% камата, ако доцните со плаќање 7 дена, треба да платите енормни суми дури ќе завршите и кај извршител.

А доколку кредитот не се враќа долго време, корисникот на брзиот кредит се соочува со извршители, иако кредитот го добил само со лична карта и без документ дека е вработен и има месечна плата.

Целиот текст и видеото можете да го погледнете тука.

Слични објави