Во поледниот натпревар од 31-то коло, Рома загуби на гостувањето кај Аталанта со 1-3, што ја искомплицира битката за пласман во топ-4 и обезбедување на место во Лигата на шампиони (ЛШ). Сепак, тренерот Жозе Мурињо признава дека има големи проблеми поради повредени фудбалери, и дека ќе мора да има креативни решенија за да го избори успехот.
„Против Милан ќе морам да го активирам Тоти или јас да облечам копачки“, изјави Мурињо. Рома моментално е на делба на четвртата позиција со Милан, со по 56 бодови.