Помина половина од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ како локална власт во 40 општини. Заклучокот е поразителен: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, на површина исплива целата неспособност на градоначалниците на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.
Според нив има безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
– Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги. ВМРО-ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, стои во соопштението.