СДСМ: Младите се за ЕУ а не за изолација која ја нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Младите се за ЕУ, изолацијата, која ја нудат Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива. Таа води во нови бранови иселувања на младите, економско уназадување, неизвесност и бесперспективност, велат од СДСМ.

Додаваат дека македонски млади немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги потрошат.

– Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги. Младите нема да дозволат да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја во белиот дворец и желбата за власт по секоја цена, не им мислат ништо добро, стои во соопштението.

Слични објави