Целата македонска јавност виде со Левица и ДПМНЕ каков хаос следи, тие се лонче и капаче. Дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што го говориме цело време. Со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос, велат од СДСМ.
Додаваат дека односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните.
– За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери да успеат, стои во соопштението.