Руското вселенско летало се урна на површината на Месечината

Рускиот вселенски брод Луна-25 се урна на површината на Месечината еден ден откако беше пријавена „ненормална ситуација“ и се загуби, пренесе руската новинска агенција Тас. Како што соопшти руската државна вселенска агенција Роскосмос, комуникацијата со леталото е прекината.

Според прелиминарните пресметки, Луна-25 се префрли на неочекувана орбита и се судри со површината на Месечината, објави Роскосмос, кој, да потсетиме, вчера објави „ненормална“ ситуација на леталото откако беше испратен сигнал од Земјата дека требаше да започне процесот на подготовка на леталото.за слетување на површината на Месечината.Во денешното соопштение за медиумите, Роскосмос додава дека веднаш била формирана специјална меѓуресорска комисија, која треба да ги истражи причините кои довеле до губење на леталото во кое немало екипаж.

Слични објави