Руски авион „СЛУЧАЈНО ФРЛИЛ“ бомба над Белгород, две лица се повредени

од Вести365.МК Ј.Р.

Руското министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион случајно фрлил бомба над рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина.

Бомбата предизвика експлозија и повреди две лица, се додава во соопштението од министерството.

Локалните власти соопштија дека експлозијата се случила на улица во градот и оштетила автомобили и некои згради.

„Додека авионот на воздухопловството Сухој Су-34 летал над градот Белгород, дошло до случајно ослободување на воздушна муниција“, соопшти Министерството за одбрана.

Властите на руските региони кои граничат со Украина – Белгород, Брјанск и Курск, редовно известуваат за гранатирање, што доведува до уништување и жртви.

Регионалните власти претходно тврдеа дека некои од нападите биле извршени од украинска страна. Киев не ги коментира овие тврдења.

Слични објави