„За жал, човештвото не може да живее без војна, но верниците можат и треба да ја минимизираат штетата предизвикана од неа“, смета патријархот московски и на цела Русија Кирил.
„За жал, мораме да кажеме дека човештвото изгледа неспособно да живее без војна – таква е грешната природа на човекот. Но, ние можеме и мораме да ја минимизираме хуманитарната штета од воените дејствија, доколку овие акции започнале, особено кога станува збор за нациите кои излегоа од крстилници, кои имаат заедничка историја – мислам на народот на Русија и Украина“
Тој посочи дека повиците за мир во Украина од водечките верски заедници, вклучително и католиците, се игнорирани од колективниот Запад, кој е заинтересиран да го продолжи конфликтот.
Вчера рускиот патријарх изјави дека благодарение на нуклеарното оружје, создадено „по промисла Божја“, Русија остана слободна и независна.
„Благодарение на неискажливата Божја промисла, ова оружје е направено во манастирот Свети Серафим. Благодарение на оваа моќ Русија остана независна и слободна“, рече патријархот Кирил.