Ига Швјонтек ја освои својата трета титула на Ролан Гарос и вкупно четврта на Грен слем турнирите, откако победи во финалниот меч против Каролина Мухова со 2:1 во сетови (6:2, 5:7, 6:4).
Швјонтек започна силно со победа во првиот сет, но Мухова се врати во вториот и го доби со 7:5. Во третиот сет, Мухова покажа решителност на почетокот, но на крајот не успеа да ја задржи концентрацијата и загуби со 6:4. Феноменалната Швјонтек ги покажа своите квалитети и доминираше во финалниот меч, освојувајќи ја третата титулата во Париз.