Реал Мадрид славеше со 1:2 над Севиља на гостински терен и ја запиша својата 24-та победа во шпанското првенство оваа сезона.
Во третата минута, домаќините погодија за предност преку напаѓачот Рафа Мир. но потоа на сцена стапи бразилецот Родриго, најпрво израмни во 29-та минута, за потоа да го постигне и вториот гол во 69-та минута за Реал Мадрид.
Откако мечот заврши, Родриго изјави дека беше фрустриран поради одлуката на тренерот Карло Анчелоти да биде заменет во 81-та минута, бидејќи имаше можност за хет-трик.
Севиља ги одигра последните 10 минути со играч помалку, откако Маркос Акуња беше исклучен поради црвен картон.
Реал Мадрид се наоѓа на второто место на табелата со 77 бодови и во последното коло на 4-ти јуни ќе игра против Атлетик Билбао. Додека пак Севиља се наоѓа на 10-то место со 49 бодови последниот натпревар оваа сезона ќе го играат на гости кај Реал Сосиедад.