Ракометарките на Франција станаа светски шампионки

од Вести365.МК Ј.Р.

Репрезентацијата на Франција го освои трофејот на Светското првенство за ракометарки.

Французинките вечерва во Хернинг, во финалето ја совладаа селекцијата на Норвешка со 31:28.

За Франција ова е трет шампионски трофеј од Мундијалите.

Во предигра на големото финале се одигра мечот за третото место. Во него, Данска ја совлада Шведска со 28:27 и го освои бронзениот медал.

Слични објави