Ракетен напад на колоната Зеленски и Мицотакис во Одеса

Попладнево имало ракетен напад врз колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Одеса. Ова се случило за време на посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на градот, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Експлозијата се случила непосредно пред средбата на Зеленски со премиерот на Грција, на 150 метри од местото каде што се наоѓала грчката мисија, во која покрај премиерот имало и осум лица и нивните стражари, пишува Прототема. и

Лидерите на двете земји одржале прес-конференција, која од безбедносни причини не се емитуваше во живо.

Зеленски вели дека има мртви и ранети. Во моментот на експлозијата тој бил во пристаништето со премиерот на Грција.

„Денеска го видовме овој удар. Видете со кого си имаме работа, не им е гајле каде ќе удрат. Знам дека денеска имаше жртви. Засега не ги знам сите детали, но знам дека има мртви и повредени“, рече Зеленски.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис исто така го коментираше ракетниот напад.

„Претседателот Зеленски и неговиот персонал ни покажаа и ни ја објаснија важноста на пристаништето. Веќе на самиот крај слушнавме звук на сирени и експлозии кои беа многу блиску до нас. Немавме време да одиме на заштитеното место, ова е многу импресивно искуство“, рече Кирјакос. Мицотакис.

Крстосувачката ракета падна во пристаништето во Одеса во моментот на пристигнувањето на Зеленски и грчкиот премиер Мицотакис.

Според украински информативни извори, за нападот на пристаништето Одеса била употребена балистичка ракета, чиј тип во моментот на објавувањето останува непознат.

Слични објави