Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека попладнево имало пукање во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Нема повредени лица.
– Има пријава за трговски центар околу 16 часот. Нема повредени, велат од МВР.
Во моментот полицијата врши увид. Засега нема информации кој пукал и кои се причините.
Според неофицијални информции било пукано кон Раде Трајковски-Штекли, кој се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.