Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени, а максималната ќе достигне 14.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец.