Во основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел на самоубиство својата сопруга Ивана која со него била во бракоразводна постапка, а чиј живот згасна трагично заедно со животот на шестгодишната ќерка Катја, со пад од тераса во скопската населба Тафталиџе на 2 март годинава.
Обвинителството ќе изведува материјални докази, откако во досегашниот тек на постапката заврши испитувањето на сведоците. Јовановски се товари и за загрозување на сигурноста и за телесна повреда при семејно насилство.