Продолжен притворот на таткото на Вања, жалбата одбиена

Жалбата на таткото на убиената ученичка Вања Ѓорческа, Александар Ѓорчевски, денеска е одбиена од страна на Апелациониот суд како неоснована. Неговиот престој во притвор е продолжен за уште 30 дена.

Неговата одбрана претходно бараше укинување на мерката притвор, поради наводно немање докази дека тој е инволвиран во убиството на неговата ќерка.

Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.

Убиецот Љупчо Палевски, според исказите на останатите осомничени, им кажал дека информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама му ги дал Ѓорчевски.

Слични објави