Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, какко што беше претходно најавено,во емисијата на „Клан Македонија“ потврди дека во саботата пристигнале нови 400.000 обрасци за лични карти.
– Овие 400.000 обрасци веќе од саботата се во магацините на МВР. Тоа е континуирана испорака која доаѓа. Во нормални услови никогаш не би соопштиле, но во време на лажни вести, јас одлучив секоја нарачка да ја соопштувам во јавност
Бојмацалиев претходно рече дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак не е решен проблемот со одобрување на личните документи.
„Бројката на неодобрени документи е над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем“, потенцираше Бојмацалиев.