Примера: Барселона со уште едно реми, Атлетико на крилата на Гризман, Севиља ја потопи Валенсија!

Барселона во период од седум дена забележа две реми средби во Ла Лига, при што на гостувањето во Мадрид беше евидентно индолентна. Натпреварот помеѓу Хетафе и Барселона беше премалку интересен, и натпреварот заврши без голови 0:0.

Атлетико Мадрид стигна до шестата последователна победа во Ла Лига, откако славеше против Алмерија со 2-1 на домашен терен. Головите ги постигна Антоан Гризман во 5. и 44. минута, додека третиот гол беше дело на Хименез, кој заби сопствен гол во 37. минута.

Севилја ја победи Валенсија со 2-0 на гостински терен, нанесувајќи им го16-тиот пораз во оваа сезона во Ла Лига. Головите ги постигнаа Баде во 55. минута и Сусо во 75. минута. Ниту црвениот картон на Мориба во 84. минута не им помогна на домаќините да избегаат пораз. Севилја се искачи на средината на табелата, додека Валенсија останува во зоната која води во второлигашки фудбал со 27 освоени бода, три помалку од 17. пласираната Алмерија.

Во првиот неделен меч екипата на Џирона со 2:0 ја победи екипата на Елче, на домашен терен и пробува да фати приклучок за место кое води во Европа, додека екипата на Елче повеќе од сигурно ќе ја гледаме во Секунда.

Слични објави