Основачот и командант на Вагнер Евгениј Пригожин одговори на наредбата и обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин. Пригожин во својата последна порака му се обратил на Владимир Путин и му рекол дека погрешил што го обвинил за предавство.
Тој додаде дека Вагнер немаат план да се предадат, што го побара Путин.
– Русите повеќе не сакаат земја во која има корупција, лаги, бирократија – изјави Пригожин.
Рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до јавноста рече дека обидот за државен удар на Пригожин е нож во грб за сите војници и граѓани на Русија.
– Ова е предавство. Се бориме против анархија и капитулација. Овој бунт е смртен удар за нас и за целиот наш народ. Мерките што ќе ги преземеме ќе бидат многу строги, а сите одговорни ќе бидат изведени пред лицето на правдата – рече претседателот на Русија.
Путин истакнува дека сите безбедносни служби добиле наредби, а во Москва е безбедно, но ситуацијата во Ростов е комплицирана.
– Како врховен командант, но и државјанин на Русија, правам се за да се воспостави ред. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам да престанат да учествуваат во вооружениот конфликт – рече тој.
Претходно украинскиот советник за внатрешни работи Антон Герашченко сподели наводна изјава од група на Телеграм поврзана со Вагнер: Путин избра погрешно. Што е полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“, стои во објавата во споменатата група.